Нереални

    Вампирските дневници: Борбата - Л.Џ.Смит

Вампирските дневници: Борбата - Л. Џ. Смит
Елена Гилберт и тоа утро се разбуди како и секој друг ден, со отварање на очите...меѓутоа, нешто беше поинаку...не,таа не се разбуди во својот удобен кревет во својата соба. И не, таа никако не беше своја, затоа што вистинската Елена никогаш не би го избрала Дејмон Салваторе, затоа што таа всушност го љуби неговиот брат, Стефан Салваторе.
Што се случува со Елена? Се разбира, таа се буди како вампир откако излета од мостот во реката со колата на Мет Ханикат. Третата книга од оригиналната трилогија Вампирските дневници на извонредно готската Л. Џ. Смит повторно води во мрачниот свет на вампирите, и Елена Гилберт, која сега самата треба да се прилагоди на сопствениот вампиризам, затоа што некој очигледно ја претворил.
Повторно растргната меѓу привлечната сила која ја влече кон Дејмон поради крвта која ја имаат разменето, и љубовта кон неговиот брат Стефан, Елена ќе мора да го направи последниот избор, кој може фатално да се одрази врз нејзиниот живот, и мистеријата со која е обвиена смртта на Кетрин фон Шварцчајлд.
Крај кој остава без здив, хорор од кој задолжително ќе ви се крене косата на главата!




Вампирските дневници: Будење - Л.Џ.Смит 

Вампирските дневници: Будењето -  Л. Џ. Смит
Елена Гилберт е најпопуларната девојка во средното училиште Роберт И. Ли, и позната срцекршачка и „ледена кралица“ во Фелс Черч, мало гратче во Вирџинија, САД.Mеѓутоа, тоа што не го знаат сите е дека Елена се чувствува несигурно, како да не припаѓа овде.Но, кога во училиштето ќе пристигне новиот ученик, Стефан Салваторе, Елена чувствува дека мора да го има, иако тој не ѝ обрнува никакво внимание.Тоа што Елена не го знае за Стефан, е дека тој е вампир, стар речиси петстотини години, создаден за време на Ренесансата во Италија, од преубавата вампирка Кетрин един Шварцчајлд.
Додека Елена се обидува да проникне во мистеријата на Стефан, таа и нејзините најдобри пријателки, Бони Мекала и Мередит Сулез, се сведоци на константното демнење од некоја неприродна сила која се јавува во форма на магла на гробиштата или црна чавка на улицата; тоа всушност е само мал дел од моќта на Дејмон Салваторе, братот на Стефан, кој исто така е вампир, но не се храни со животни како Стефан, туку ги напаѓа невините жители на тивкиот Фелс Черч.
Книгата се чита во еден здив! Не пропуштајте да ги зариете вашите заби во неа!



Вампирските дневници: Бесот - Л.Џ.Смит

Вампирските дневници: Бесот - Л. Џ. Смит
Елена Гилберт и тоа утро се разбуди како и секој друг ден, со отварање на очите... меѓутоа, нешто беше поинаку... не, таа не се разбуди во својот удобен кревет во својата соба. И не, таа никако не беше своја, затоа што вистинската Елена никогаш не би го избрала Дејмон Салваторе, затоа што таа всушност го љуби неговиот брат, Стефан Салваторе.
Што се случува со Елена? Се разбира, таа се буди како вампир откако излета од мостот во реката со колата на Мет Ханикат. Третата книга од оригиналната трилогија Вампирските дневници на извонредно готската Л. Џ. Смит повторно води во мрачниот свет на вампирите, и Елена Гилберт, која сега самата треба да се прилагоди на сопствениот вампиризам, затоа што некој очигледно ја претворил.
Повторно растргната меѓу привлечната сила која ја влече кон Дејмон поради крвта која ја имаат разменето, и љубовта кон неговиот брат Стефан, Елена ќе мора да го направи последниот избор, кој може фатално да се одрази врз нејзиниот живот, и мистеријата со која е обвиена смртта на Кетрин фон Шварцчајлд.
Крај кој остава без здив, хорор од кој задолжително ќе ви се крене косата на главата!



   Игра со ѓаволот - Шерлин Кенион

Игра со ѓаволот - dance with the devil
На македонската верзија од книгата на корицата пишуваше нешто во стилот на: „Дури и проколнат човек може да сака и да биде сакан“. Тоа беше клучниот момент кој ме натера да посегнам по таа книга. Не знаев дека е фантазија, нереалност и не знам како уште да ја опишам, но знаев дека има нешто посебно во неа. Ова е прва книга од Шерилин Кенион која ја прочитав, ја купив и следната и сега со цело срце чекам да добиеме превод на уште некоја нејзина книга.
Можете ли да замислите леден, повреден и груб маж во рацете на нежна, кршлива добра жена, а на сето тоа боговите од грчката митологија кои живеат во 21 век и користат лаптопи, мобилни телефони, возат џипови итн итн итн. Ликовите ги гледаш пред себе додека ја читаш книгата, како да се живи, како да ги познаваш.
Мешавина на прастара митологија со модерна современост и технологија на 21 век напишано со прекрасен разбирлив и заразен стил. Оваа книга толку ме освои што иако ја прочитав сакам повторно да ја купам, бидејќи не ми ја врати позајмувачот, само за да ја имам дома засекогаш. MUST READ BOOK!!!



Самрак - Стефани Мајер
Самрак - Стефани Мајер

Овој роман дебитираше на петтото место на листата на бестселери на Њујорк Тајмс, за подоцна да се искачи на првото место.
Овој роман Стефани го напишала откако го сонувала жедниот, но во исто време и заљубениот вампир во една човечка девојка, што е опишано во тринаесеттото поглавје на книгата.

Бела Свон е повлечена девојка од Аризона, која се сели во најдождливото место во цела Америка - гратчето Форкс. Одеднаш сите ја сметаат за убава и сите сакаат да се дружат со неа, освен мистериозното момче Едвард кое е необично привлечено од неа, како од никој друг кој дотогаш го сретнал. Тоа е поради неговата голема тајна...
Во истовреме неодоливо морничав и занесно романтичен, Самрак е љубовна приказна за сите оние што отсекогаш се чувствувале поинакви, а не верувале дека некој совршен може тоа да го сфати како доблест и да ги засака без оглед на сите разлики. Па и по цена на животот, или бесмртноста.


Млада месечина - Стефани Мајер 

Млада месечина - Стефани Мајер
Млада месечина е втората книга од мегапопуларната сага Самрак, која беше издадена во 2006 година.Оваа книга ја продолжува приказната за Бела Свон, девојката која се досели во Форкс и се вљуби во вампирот Едвард Кален.
За својот роденден таа не сака голема забава ниту подароци, но семејството Кален сепак организира мала семејна забава во нејзина чест. Но, она што ќе се случи на забавата ќе го натера Едвард и неговото семејство да си заминат.
Тогаш Бела ќе дознае дека семејството на Едвард не е единственото во Форкс што крие голема тајна...
Повторно во расчекор помеѓу своите чувства и својата толку „обична“ човечност, Бела мора да избере кому му припаѓа и со кого сака да ја сподели иднината. За да успее во тоа, неизбежно е уште едно големо и опасно патување, овој пат во срцето на Италија, во типично тосканско гратче опшиено со ѕидини.
Гратчето, всушност им припаѓа на вампирите...




Помрачување - Стефани Мајер

Помрачување - Стефани Мајер
Третиот дел од фамозната Twilight Saga која ги содржи Самрак, Млада месечина, Помрачување и Зазорување. Книга која е поразлична од претходните две, пообемна и поексплицитна. Сега зависи и од тоа, кој како ја доживува.
Инаку и во третото продолжение Бела Свон повторно е во неволја. Семејството Кален и кланот од ЛаПуш со сите сили се обидуваат да не ѝ фали влакно од главата, но несмасната Бела за да ја отежни работата ќе произнесе некои свои желби кои во оваа ситуација се најмалку важни.
Тука е и матурата, а по матурата Бела и семејството Кален имаат договор кој ветија дека ќе биде исполнет.
Џејкоб и понатаму врши притисок и се обидува да допре до Бела, но дали Едвард ќе остане рамнодушен? Во „Помрачување“ детално е кажано како Џаспер и Розали станале дел од семејството Кален, тоа се едни од најемотивните моменти, кога тие жалат по тоа што го изгубиле и се сеќаваат на спомените кога за последен пат ги чувствувале отчукувањата на срцето.
Чарли е загрижен за иднината на својата ќерка, а Рене несвесно ја испушта можеби последната прилика да биде со Бела. Но... злото никогаш не спие, не за бадијала е оваа изрека - таму некаде некој кова злобен план да ја уништи љубовта на Едвард и Бела.
Ќе успее ли Едвард да ја заштити Бела? Кој ќе биде оштетен, а кој ќе излезе како победник ? Дали безизлезната ситуација ќе ги натера смртните непријатели да се борат рамо до рамо? Останува да видиме...



Зазорување - Стефани Мајер
 Четвртиот и завршен роман од сагата Самрак - Зазорување, ни ја донесува завршницата на оваа несекојдневна приказна. Ова е, според мене, најдобриот роман од сагата. Оваа книга е малку поразлична од претходните три, бидејќи е поделена на три дела од кои едниот е од перспектива на Џејкоб.
Едвард и Бела се конечно венчани и одат на меден месец на приватниот остров Есме. По неколку дена Бела сфаќа дека во себе носи нешто што нема да му се допадне ниту на Едвард, а ниту пак на Волтурите...
Во меѓувреме, Џејкоб поминува многу време сам, размислувајќи за својот живот и за Бела некаде во шумата. Тој мора да ги напушти другите врколаци и да се обиде да ја заштити Бела од големата опасност што следува и без нивна помош...



Бакнеж во ноќта - Шерлин Кенион

Бакнеж во ноќта - Шерилин Кенион
Уште едно дете на Шерилин Кенион... Колку е само таа одлична, посакувам да беше македонка па да не моравме да чекаме да се преведат нејзините книги туку веднаш да го добиваме на македонски.
Оваа вели: За некои бакнежи вреди да се живее...
Што добивате кога имате бесмртен викиншки војник, на кој никој не може да се сети по изминати пет минути од средбата со него и принцеза која припаѓа на племето кое тој треба да го убива и е осудена на смрт во младите години?
Добивате судбината која смета дека не смеат да бидат заедно... тие сметаат поинаку.
Сите жени во нејзиното семејство умираат на 27 - 28 години, на денот на својот роденден, а нејзиниот роденден наближува. Од друга страна тој носи клетва. Никој никогаш не го памети. По 5 минути откако ќе напушти некоја просторија никој веќе не се сеќава на него. Жени за една ноќ кои никогаш не го помнат... неспособност за стекнување пријател бидејќи никој ниту името не му го помни... Но таа го запомни, го запомни тој бакнеж во ноќта. И сега не смее да дозволи таа да умре...