Трилери

Мистеријата на синиот воз - Агата Крсти

Мистерија на синиот воз - Агата Кристи
Уште едно дело на плодната, уникатната авторка на детективски романи, кратки стории и драми - Агата Кристи.
Роман за навидум обично убиство кој читателот го држи во неизвесност сè до самиот крај. Се работи за девојката Кетрин Греј која сака да се впушти во една авантура, носејќи ги со себе вредните рубини кои се подарок од нејзиниот татко.
Во меѓународниот „Син воз“ кој патува кон Ница се крие голема мистерија.
Кој или уште поважно зошто ја убил ќерката на американскиот богаташ? Мистеријата мора да се реши...
Ненадминливиот Херкул Поаро со својата остра логика влегува под привидната површина и копа за да го пронајде вистинскиот убиец. По многубројните заплети, луцидната истрага на Поаро открива дека тоа бил човек во кој никој не се сомневал.






Убиство во Ориент – експрес -  Агата Кристи

Убиство во Ориент Експрес Агата Кристи
Убиство во Ориент – експрес е уште еден прекрасен детективски роман, излезен од перото на Агата Кристи. По ова дело на Кристи е снимен и истоимениот филм во 1974 година.
Овде нејзиниот омилен мал белгиски детектив - Хркул Поаро, се соочува со мистериозното убиство на возот со кој патува, надевајќи се на добар одмор. Така тој се наоѓа пред мистериозно убиство, додека Ориент – експрес е заглавен во снегот и добива задача да го разреши случајот до следната станица.
Но, секој од патниците во возот е потенцијален убиец. Може ли малиот Поаро да се соочи со едно вакво убиство, имајќи толку кратко време?
Овој бестселер прв пат бил објавен во 1934 година и доживеал неверојатен успех насекаде во светот. ...и филмот и книгата се на врвот на детективските дела и ќе ве држат во неизвесност до самиот крај...
Како и другите дела на Агата Кристи, Убиство во Ориент Експрес, ќе ве остави со подотворена уста и грутка од неизвесност во грлото.





Ангели и демони - Ден Браун

Ангели и демони - Ден Браун
Добро смислено и експлозивно претставено, тоа е вистинскиот опис на оваа книга. Факт, Ден Браун малку претерува со оставањето белег на своите книги затоа што на крајот секогаш добиваме впечаток дека се работи за една иста книга, но како и да е, вреди да се прочита секоја негова книга.
Роберт Ленгтон со своите тајни симболи, нивно толкување, древни тајни братства, потери, напуштени катедрали, врежување на симболи по телата на жртвите и уште многу морничави детали. Секогаш знае добро да не поведе, да не сврти, да не замисли, да не збуни, тоа е стилот на Ден. Голема неизвесност, возбуда и динамика на секоја страна, а интелигенцијата не може да не се забележи во секоја реченица.
Нормално, ја препорачувам на секој оној кој сака добар трилер/акција.




Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон

Раскажи ми ги соништата - Сидни шелдон
Три преубави жени: Ешли, Тони и Алет се осомничени дека направиле повеќе брутални убиства. Мажи со кои тие се гледале и тоа во различни земји се убиени, искасапени и кастрирани.
Сите работат во иста компјутерска компанија. Двете се пријателки, а третата девојка не ги познава другите две.
Ешли Петерсон е американка, осамена и срамежлива компјутерџика која не згазнува ниту на мравка, но таа има чувство дека некој ја следи, дека сака да ја убие иако не знае зошто. Тони е англичанка, дрска кавгаџика склона кон луди ноќни прошетки и флертувања на интернет. Алет е смирена, наивна италијанска уметничка душа.
Полицијата ќе ги уапси и следува едно од најбизарните судења на векот. Заснована на вистински настани, оваа книга нè води од Лондон и Рим до Квебек и Сан Франциско и нè остава со гримаса на изненадување.
Ова е една од подобрите книги на Шелдон, дефинитивно. Приказните и кулминаците на мајстор за трилери како Шелдон никогаш не можеме ни од близу да ги погодиме, но кулминацијата на оваа книга Ве уверувам дека нема ни да се обидете да ја предвидите.Препорачувам!





Се плашиш ли од темница - Сидни Шелдон


Се плашиш ли од темница - Сидни Шелдон
Старата изрека дека сите зборуваат за времето, ама никој ништо не прави со него - повеќе не важи.
Суперсилите (Америка и Русија) поседуваат моќ да го контролираат времето било каде во светот! Сите други земји се трудат да ги достигнат...
Времето е најмоќната сила што ја познаваме!Тој што ја контролира би можел да ја уништи светската економија со постојани бури или торнада, да ги исуши полињата, да предизвика земјотреси, урагани, цунами, да ги затвори аеродромите... да го уништи непријателот на бојните полиња...
Убаво е да се знае дека сите временски катастрофи опишани во книгата навистина се случиле.... и тоа ни помалку ни повеќе, осмислени, предизвикани и контролирани од светските лидери и нивната нуклеарна моќ.
Овој трилер зборува за обидот преку контролирање на временските непогоди и катастрофи да се постигне врвниот степен на контрола врз човештвото. Преку судбините на малите луѓе (Дајана, Марк, Кели, Ричард, Соња..) се согледува стравичната моќ на оној кој станал господар на времето (Танер).
Уште еден непредвидлив трилер од Шелдон пол со пресврти... прочитајте и откријте дали СЕ ПЛАШИТЕ ОД ТЕМНИЦА??! Препорачувам!!!



Азбучните убиства - Агата Кристи

Азбучните убиства - Агата Кристи
Oва е приказна за познатиот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да открие сериски убиец, кој испраќајќи му писма на Поаро му го најавува секое следно убиство.
Убиецот пред секое следно убиство му испраќа писмо на Херкул Поаро, кажувајќи му каде и кога секое убиство ќе биде извршено. Но, Поаро и полицијата секогаш пристигнуваат доцна. Убиецот покрај секоја следна жртва остава и Еј-Би-Си железнички водич до телото ова всушност е и единствената работа што ги поврзува убиствата. Поаро истражувајќи открива уште еден важен детал... сите убиства се извршени по азбучен ред, почнувајќи од Ашер од местото Андовер, потоа Бети Бернард од Бексли, па (C) Кармак (C) Кларк од (C) Чарстон...
По некое време доаѓа до Каст кој врз основа на доказите против него е присилен да признае дека ги извршил убиствата, иако не се сеќава на ништо.Кој е тој ?...и кои се мотивите за азбучните убиства?
Ова оставам да го откриете сами....
Книгата е пишувана во нараторско раскажување во прво и трето лице што би требало да му помогне на читателот многу подобро да се внесе во книгата.Како и да е, ова е уште една приказна на Кристи која се чита во еден здив.



Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк
Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк
Младата и разведена Џени се бори во животот за да ги одгледа нејзините две мали ќерки. Тие едвај скрпуваат крај со крај на секој месец, но таа никогаш не го одбива за пари нејзиниот бивши маж кој освен тоа што не плаќа алиментација уште и позајмува од неа. Но откако го запознава убавиот, богат и неодолив Ерик, Џени веднаш се вљубува и работите комплетно се менуваат.
Тој ја бара за жена после месец дена и целото семејство заминува во куќата од соништата.
Децата се пресреќни со својот нов татко, со своите нови понија, со новите кукли кои претходно никогаш ги немале... А Џени?
Куќата од соништата најпрво токму така изгледа, како дворец од некоја бајка. Но како поминуваат деновите Џени сфаќа дека таа воопшто не се чувствува убаво во таа куќа, напротив куќата е страшна, во неа се случуваат чудни нешта кои ја доведуваат Џени дo работ на разумноста и лудилото.
Џени во секое ќоше, во секој предмет, во секој ден и секоја ноќ може да ја насети присутноста на покојната мајка на Ерик која тој толку ја сакал, а најстрашно е тоа што самата Џени толку многу личи на мајката на Ерик што не постои човек во градчето кој не ја забележува сличноста. Дури и самата Џени е шокирана од оваа сличност.
Ова е книга која ме наежи, ме натера да почувствувам гнев и страв истовремено.
Ова е со два збора - добар трилер. Не го прескокнувајте.



Пеколни планови - Сидни Шелдон

Експлозивна приказна за две подеднакво одлучни и храбри личности чиишто патишта ќе се вкрстат. Оливер сака да влезе во Белата куќа. Лесли сака да го принуди да зажали што воопшто се родил. И двајцата би требало да знаат дека и најдобро осмислените планови можат да тргнат наопаку и со себе да донесат смртоносна опасност.
Тој сакаше моќ..
Таа сакаше одмазда..
Лесли Стјуарт, убава и амбициозна директорка во агенција за односи со јавноста, брзо ќе сфати дека за некои мажи моќта е најголемиот афродизијак. Оливер Расел е гувернер на мала држава кој ќе открие дека пеколот не е ништо во споредба со една презреана жена.